Skip to content

365.com.mk

Иде Шефот! RSS Испрати линк или фајл Контакт
Вие сте тука: Дома
My Document торба за лаптоп
Напишано од 365.com.mk   
my-docuddment-laptop-caseПаметно. Интересно. Храбро. Жолто. Тоа се зборовите кои може да ја опишат оваа винилна торба за лаптоп.
 
Шал со ракави
Напишано од Огнена Костова   
_Sciarpona е веројатно најпрактичното и истовремено најшизичкото парче облека кое секоја девојка би требало да го поседува во својата гардероба. Стариот добар волнен шал освежен со модерни ракави кои ви дозволуваат да си поиграте со вашиот имиџ.
 
Тест: Дали си Британец во кревет?
Напишано од Златица Петковска   
krevet_introЕве еден интересен тест кој ќе ви ја покаже географската одредница на вашата сексуалност. Интересно е што прашањата се менуваат со секое следно решавање на тестот, па за најпрецизно одредување на вашата втора националност може да го изиграте дури десетина пати без да ви здодее.


 
Gmail Addons ќе ја постави секоја веб апликација во Gmail
Напишано од 365.com.mk   
gmail-addons2Сè што ви треба е Firefox и Greasemonkey инсталирани претходно. Оваа скрипта ќе ја постави било која страница што ќе ја назначите, внатре во интерфејсот на вашиот Gmail.
 
Врзете појас - превентивна кампања
Напишано од Огнена Костова   
seat_belt_intro„Вашата иднина може да се промени со само еден единствен клик. Врзете го вашиот појас. Возете сигурно. Пристигнете сигурно.“ Ова е слоганот на феноменалната кампања за безбедност на патиштата, изработена од комерцијалната агенција Marketforce. Еден клик е потребен и за да ги погледнете овие експлицитни фотографии со силна визуелна порака.
 
Discovery Channel - I Love the World (видео)
Напишано од 365.com.mk   
discoverycake2Нашиот свет изгледа неверојатно низ очите на Discovery Channel. Еве едно видео во кое сите ѕвезди на оваа телевизиска мрежа низ забавна песна го презентираат новиот канал Discovery World.
 
Свежо испечени човечки глави... Мњам:P
Напишано од Огнена Костова   
bread_introKittiwat Unarrom е контроверзен уметник од Тајланд кој својот талент го претставува на крајно морбиден начин. Тој е сопственик на пекара специјализирана за печење човечки глави и други делови од човечкото тело. Се разбира дека ова не се вистински глави, станува збор за скулптури направени од брашно, чоколадо и суво грозје, моделирани во човечки облик.
 
Бидете дел од Канскиот филмски фестивал
Напишано од Менче Здравкова   

Прочитај повеќе... Овогодинешните натрпреварувачи за титулата Најдобар краток филм на Кан 2008 се достапни онлајн на Youtube. Овие 9 кратки филмови се одбрани од 650 вкупно пријавени  кандидати оваа година. Победникот ќе биде избран според онлајн гласањето кое трае до 19 мај. Уживајте во најдобрите кратки филмови во 2008 и гласајте за вашиот фаворит. линк


 
Тајната на лебдењето
Напишано од Менче Здравкова   
tarzanJohan Lorbeer  е германски уметник и уличен изведувач кој ги остава крајно изненадени и збунети луѓето кога за време на своите улични перформанси на некој магичен начин успева да лебди во воздухот. Погледнете која е неговата тајна.
 
Најдобрите книги, филмови и линкови за фотографија
Напишано од Менче Здравкова   
lnkpostЗа сите оние пасионирани книжни молци, фрикови за филмови и фотографија, еве неколку исцрпни и квалитетни топ листи за 1001 најдобри книги што вреди да се прочитаат, 1001 филм што мора да ги видите до крајот на вашиот живот (за разлика од безброј топ листи на оваа тема што се наоѓаат на интернет овие две навистина нудат квалитетен избор на најважните книги и филмови од сите периоди во развојот на овие два медиума) и листа на 60 линкови за фотографија без кои не би можеле да живеете.
 
Black Button: Мал филм, голема дилема (видео)
Напишано од Златица Петковска   
kopche_introЕдно копче. Еден услов. 10 милиони долари. Black Button е фантастичен краток филм кој пред вас поставува огромна морална дилема. Погледнете го и кажете, што би направиле вие?

 
Things younger than McCain:Исмевање на најстариот
Напишано од Златица Петковска   
mccain_introJohn McCain е роден на 29 август, 1936 година. Неговата година на раѓање и кандидатура за претседател на САД се причина за создавање не веб-страна која ветува добра (не)политичка забава. Страната се вика Things younger than McCain и погодувате - набројува што сè и кој сè е помлад од McCain. Во оваа листа спаѓаат скиентологијата, ЛСД, како и државите Аљаска и Хаваи!!!
 
Фотографијата на Marc Hom
Напишано од Златица Петковска   
intro_marc_homMarc Hom е роден во Данска каде дипломирал на Уметничката Академија. Во 1989 година се сели во Њујорк каде се случува пресвртницата во неговата кариера со работењето модна фотографија за Harper’s Bazaar. Неговите фотографии се објавувани во разни списанија како The New York Times Magazine, W Magazine, Vogue и Vanity Fair, а го имал задоволството да фотографира голем број познати личности како Johnny Depp, Gwyneth Paltrow, Björk и Angelina Jolie.
 
(Не)Слободни медиуми
Напишано од Златица Петковска   
intro_novinarСлободата на медиумите е на незавидно ниво во целиот свет. Расте бројот на убиени новинари во реоните каде има немири, а пак во земјите кои се декларираат како демократски, има закани, уцени и цензура. Агенцијата McCann Erickson ја изработи кампањата за Reporters Without Borders каде сликовито и многу прецизно го објаснуваат овој глобален проблем.
 
Смели модни кампањи
Напишано од Златица Петковска   
intro_coxРекламните постери за колекцијата чевли на дизајнерот Patrick Cox редовно го привлекуваат вниманието на публиката, но и си заработуваат забрана за објавување во весници поради голотијата и провокативните пози на моделите. Кампањите изработени од Rankin, Suburbia, како и онаа на David Lachapelle се создадени од возбудливи и смели модни фотографии кои се гледаат со уживање...
 
Куче ли е, пешкир ли е?
Напишано од 365.com.mk   
dogdd1Неверојатна е сличноста помеѓу овие две работи на сликава. Знае ли некој од која раса е пешкиров кучево?
 
Студентски конкурс Electrolux Design Lab ‘08
Напишано од 365.com.mk   
design_lab_growwupElectrolux, глобалниот лидер во дизајн и производство на уреди за домаќинство, го лансира шестиот по ред меѓународен натпревар во дизајн на производи, преку порталот www.ElectroluxDesignLab.com. Жирито на Design Lab ќе избере ограничен број на пријавени дела кои ќе се натпреваруваат во финалето во Цирих на 8 и 9 октомври 2008 година.
 
Како да скокнете во своите фармерки (видео)
Напишано од Менче Здравкова   
Прочитај повеќе...Одговорот ќе го дознаете во оваа интересна реклама за новите Levi Strauss фармерки. Но имајте на ум дека ова што ќе го видите е дело на професионалци, па не е препорачливо да го пробувате дома.
 
Како би изгледале ликовите од цртаните во живо
Напишано од Менче Здравкова   
Прочитај повеќе...Кога сме малечки ликовите од цртаните филмови ги доживуваме како реално да постојат. А како би изгледале Ушко Долгушко, Брзата птица итрица и којотот, Бети Буп...  кога навистина би биле реални. Група од креативни луѓе се собраа со цел да ги оживеат нивните омилени ликови од цртаните. Еве го резултатот.
 
Тамара, Врчак и Гаџа добија луксузни телефони од 2be
Напишано од 365.com.mk (комерцијален оглас)   
2be-asd1По повод започнувањето со работа на ланецот на продавници за мобилни технологии „Ту би“, како и заминувањето на нашите евровизиски претставници во Белград, новиот бренд за мобилни технологии на нашиот пазар им подари луксузни телефони на нашите Тамара, Врчак и Гаџа.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 20 од 2191

[+]
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size