Апр 14
|13:39 pm
Уредник: АНДРЕЈ ШЕВЧЕНКО
Апсолутно е потребно да ја разберете суштината на овој текст. Тој е наменет за да го пополни просторот десно од фотографијата, со цел оваа страница да изгледа богато и да им се допадне на сите што ќе дојдат да ја прочитаат. Тука можам да напишам многу работи за мене како: колку години имам, каде сум роден, кое е моето хоби, каде излегувам, со кого се дружам, што сум во хороскоп... но нема.
Kога ќе размислам повеќе, Вие многу добро ме знаете. И јас ве познавам Вас.
Она што нè поврзува се сличните интереси за технологија, музика, видеа, хумор и забава, а тоа е суштината на оваа веб-страница. Да не бевте вие и вашите интереси таа денес немаше да постои, па затоа ви препишувам голем удел во нејзиното работење.
За крај, би сакал да ви се заблагодарам за трпението и искрено се надевам дека ќе продолжите да се интересирате за 365.com.mk и во иднина, како што тоа го правевте досега. Поздрав!
п.с. Да, ова е моето вистинско име, немам роднински врски со фудбалерот од Украина и НЕ - нема да ви испратам скенирана копија од пасош или лична карта по e-mail.
Заменик на уредникон погоре: МЕНЧЕ ЗДРАВКОВА (статии)

Возраст: Дваесет и нешто
Живeе во: Прилеп
(Пре)окупација: Виртуелен патник, Мисловен скитник, Стар Трек фанатик, колекционер на непотребни информации, (поранешен) книжен молец,(иден) компјутерски гик...
Хоби и сè останато: вози точак, вежба јога, освојува (ниски) планински врвови, има куче, анализира, прави колажи, учи фотошоп, набројува, (става зборови во загради), сака животни, се вљубува во убави нешта, фотографии, музика, филмови...
***** АВТОРИ *****
ЗЛАТИЦА ПЕТКОВСКА (статии)

Златица сака сè и сешто... Најмногу убави нешта.
Чита сè и сешто... Најмногу убави нешта.
Пишува сè и сешто... Најмногу на 365 и во Life магазин.
ОГНЕНА КОСТОВА (статии)

Ce qu'on dit de soi est toujours poésie. - Ernest Renan
ИРЕНА РОГОВСКА
(статии)Астролозите велат дека сум родена со Сонце во знакот на Овен(не по моја волја) што ме прави просечен овновско-битолски бунтовник дојден во Скопје да се допросветува на ПМФ.
И да не беше овој интернетов заразен сега може ќе си ја носев титулата Дипл. Инг. пред името, а може ќе размислував и за М-р, Д-р, П-р...
ДУШКО ЗАФИРОВСКИ (статии)

Генерацијата '85. Живее во северниот дел на Скопје. Ведар, позитивен, знае вицови. Заинтересиран за дизајн и цртање. Голем фан на LOST(посакува да е дел од Островот). Обожавател на добра музика. Ноќна птица. Филмоман, стрипоман и сурфер(сега за сега само на нет:). Никогаш неуморен - освен кога е уморен!
ДЕЈАН ВЕЛКОСКИ (статии)

Роден: далечната ’83. Живее во Волково.
Преокупиран е со: Музика, даунлодирање серии, штракање по тастатура, пак музика, Арсенал, daydreaming, бројот 4, кучето Мила и најпосле - музика.
Хоби и сл.: Планинарење, возење точак, трчање, пишување 4 точки наместо 3 и сè останато што ги нервира нормалните луѓе....
МАРТИН МАРКОВСКИ (статии)
Професионален ИТ зависник, секогаш ги одложува обврските и чека до последниот краен рок (општо познато како 5 до 12), поддржувач и корисник на Слободен софтвер, често несериозен и неорганизиран, хумористичен на специфично неразбран начин и вечно ненаспан. Во последно време навлечен на Twitter и Last.Fm... ЕЛЕНА ФИДАНОВСКА (статии)
Поради несмасноста на штркот кој при неговиот прелет над Југославија случајно ја испушти Елена над Битола, еве веќе 23 години Елена го минува својот живот во Битола. Понекогаш се прашува како би било кога воопшто не би имала македонски пасош, и дали сè уште би живеела во нејзиното студио на 9-ти спрат во центарот на Manhattan, на Park Avenue... или пак, Москва?:)
Поради несмасноста на штркот кој при неговиот прелет над Југославија случајно ја испушти Елена над Битола, еве веќе 23 години Елена го минува својот живот во Битола. Понекогаш се прашува како би било кога воопшто не би имала македонски пасош, и дали сè уште би живеела во нејзиното студио на 9-ти спрат во центарот на Manhattan, на Park Avenue... или пак, Москва?:)***** ГРАФИЧКИ И ВЕБ ДИЗАЈН *****
Blue Media Group е компанија специјализирана за модерен печатен и веб дизајн, дизајн на логоа, корпорациски идентитет и онлајн маркетинг.
Ние сме обединет тим од креативни дизајнери, програмери, веб консултанти, копирајтери и маркетинг експерти кои знаат како да дојдат до резултати.
Стратегиско размислување, топ дизајнери, лично внимание, конкурентни цени, вистински резултати - откријте ја Blue разликата.
Blue Media Group е компанија специјализирана за модерен печатен и веб дизајн, дизајн на логоа, корпорациски идентитет и онлајн маркетинг.
Ние сме обединет тим од креативни дизајнери, програмери, веб консултанти, копирајтери и маркетинг експерти кои знаат како да дојдат до резултати.
Стратегиско размислување, топ дизајнери, лично внимание, конкурентни цени, вистински резултати - откријте ја Blue разликата.
***** ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА *****
Доколку почувствувате проблеми при вчитувањето на сајтот или некакви технички неправилности ве молиме јавете се на 24-часовната поддршка во Неотел на телефонскиот број 02/5511-111 или на е-пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
Доколку почувствувате проблеми при вчитувањето на сајтот или некакви технички неправилности ве молиме јавете се на 24-часовната поддршка во Неотел на телефонскиот број 02/5511-111 или на е-пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
| < Претходна | Следна > |
|---|
Свет
МКД
Скопје
Спорт
- Најмалку десетмина загинати во самоубиствен напад во Пакистан | Алфа
- Меѓународна осуда на Израел за еврејската населба | Р.С.Европа
- Нарко банда застрела осум лица на забава во Мексико | Макфакс
- Најмалку шест лица загинаа во експлозија во Авганистан | Нетпрес
- Клупската метропола Берлин е во тренд | DW
- Министерот Коњановски на одбележувањето 111 години од дипломирањето на Ататурк во Битола | Нетпрес
- Сончево со умерена облачност | Нетпрес
- Промоција на 14 книги дел од проектот "Превод на 500 стручни, научни книги и учебници“...
- Зоран Иванов - Црвенковски во Охрид, со штитот или на него | Inpress
- Сообраќајот се одвива тековно и без забрани | Inpress
- Роналдо: Со сите соиграчи имам добри односи | 24Фудбал
- Бонучи: Доколку би можел да бирам сакам трансфер во Интер | 24Фудбал
- Катанија го победи Интер, 15 минути за Пандев | Кирилица
- Ферги очекува Невил и Сколс да продолжат со Јунајтед и следната сезона | 24Фудбал
- Руни, Рибери, Виља и Силва се целите на Перез за втората година од новата Галактикос...
Developed by JoomVision.com
Актуелно
Последни коментари
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
![]() |
|
||||||
|
![]() W
|
||||||
| Временска прогноза | |||||||
| Изберете град... | |||||||
|
|
|||||||
Посетители онлајн
Има 382 посетители присутни







