Понеделник, Април 06 2009
|13:14
Со помош на оваа екстензија можете да додадете неколку корисни карактеристики на Gmail, како икони за атачменти, хиреархиски етикети, макро итн.
Автоматски вметнува HTML потпис во вашите Gmail пораки врз основа на тоа од која адреса ги испраќате.

Најновата подобрена верзија Blank Canvas Gmail Signatures 1.11.12 поддржува и до четири потписи за Compose Message и Reply/Forward.
Оваа фајрфокс екстензија овозможува да можете да се логирате на повеќе Gmail адреси одеднаш директно од браузер да добивате видео и аудио известувања за добиени нови е-меилови.
Како што кажува и неговото име, оригинално дизајниран за Gmail, ве информира кога ќе добиете нов меил.

Доколку имате доста неискористен простор на Gmail можете да го претворите во бесплатен онлајн простор за складирање фајлови со Gspace, кои потоа ќе ви бидат достапни од секој компјутер.
GTDInbox го претвора вашиот инбокс на Gmail во организициона алатка, дозволувајќи ви лесна интеграција меѓу вашиот меил и проектите на кои работите.
Ви овозможува да креирате динамичен потпис на вашата Gmail сметка која ќе ги покажува адресите на вашите профили на социјалните заедници, IM имињата, а доколку изберете и вашите бизнис или лични потписи.
Иако не е екстензија само за Фајрфокс, сепак WebMail Notifier е едноставен начин да бидете информирани кога сте добиле нов е-меил.
Xoopit ќе го модифицира пребарувањето на Gmail, такашто ќе можете да ги пребарувате вашите атачменти, слики и видеа како и самите меилови. Исто така, можете да додавате коментари на сликите и директно да ги постирате на вашиот блог или на Фејсбук.
| < Претходна | Следна > |
|---|
Статии по случаен избор
|
Живот и стил
| |













