Испратете ваша фотографија во вселената

nasa-face-to-space-260Може е малку доцна за да станете астронаути, но благодарејќи на НАСА барем вашата фотографија може да биде испратена во вселената.

Едноставно, аплоадирајте ваша фотографија на Face in Space страницата на Интернационалната Вселенска Станица за сликата од вашето лице да биде испратена на една од двете преостанати вселенски мисии пред да биде завршена оваа програма. Face in Space ја следи долгата традиција на испраќање лични податоци во вселената. Ова не е прв пат да се носат податоци од од ваков тип во вселената, Војаџер I, на пример, со себе понесе фонографска снимка на бакнеж, снимка од првите зборови на мајката кон своето дете и мозочните бранови на сопругата на Карл Саган, помеѓу другите снимки од звуци од Земјата, додека на другите мисии на Марс и Месечината шатлите носеа микрочипови и ДВД-ија со имиња и пораки до вонземјаните од „обичните смртници“. Меѓутоа, ова е прв пат пошироката јавност да има можност да го испрати својот портрет во орбитата.

Доколку сте постари од 13 години, сѐ што треба да направите е да аплоадирате ваша фотографија (или доколку сте срамежливи, можете да го испратите само вашето име) и да изберете на која од последните две вселенски мисии би сакале да летате. Спејс-шатлот Дискавери ќе биде лансиран на 16-ти септември, а Ендевор во ноември. По нивното враќање, можете да испринтате „сертификат за летање“, потпишан од командантот на мисијата. [How to Send Your Face to Space]
nasa-face-to-space-260



AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

Книга на подарок

Наследена загуба
  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 17°C
Темп. на ветер: 17°C
Влажност: 77%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1014.9 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 493 посетители и 2 автори присутни