Нови оригинални македонски кирилични фонтови

minister_xo.jpgИсчистен од бугарски и од руски кирилски букви, нашиот јазик доби нови македонски фонтови што вчера ги промовираше министерот за информатичко општество Иво Ивановски. Подготвени се вкупно 81 фонт во кој буквите се автентични со македонското кирилско писмо.

Досегашните непознати форми на буквите г д б п ќ во новите фонтови се заменети со вистинските македонски букви од нашата азбука. Тоа е само дел од новитетите во подготвените фонтови кои се слободни за употреба и граѓаните може бесплатно да ги преземат тука од веб-страницата на Министерството за информатичко општество.

Од подготвениот 81 фонт, 40 се наменети за употреба во Владата и во државните институции, а 41 се наменети за граѓаните. Во фонтовите наменети за државните служби вметнати се и дополнителни симболи за државните обележја, архивски знаци.

Како што истакна Ивановски, употребата на измените е слободен избор и не се предвидени санкции за оние што и понатаму ќе ги користат неправилните фонтови.

********

Промовиран поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија

dictionary_ikt_poimnik_n.jpgНегативниот тренд на користење се повеќе англиски зборови од информатичката технологија во секојдневната комуникација во државава ќе се надминува преку користење поимник на македонски зборови од областа на информатичко комуникациската технологија.

Поимникот, што беше промовиран на 9 септември од страна на министерот за информатичко општество Иво Ивановски, содржи 1321 збор и кратенки од областа на информатичката и комуникациската технологија, преведени со соодветни зборови од македонскиот јазик.

Наведувајќи примери на зборови опфатени со поимникот министерот за информатичка технологија посочи дека за зборовите file соодветен збор за употреба е датотека, за attachment - прилог или препратка, за web browser веб пребарувач, за edit уреди, за printer - печатач, за download преземи, за e-mail електронска пошта, за online вклучен или на линија, за driver двигател....

Поимникот е изготвен од работна група од претставници од Советот за македонски јазик, Институтот за македонски јазик, МАНУ, Министерството за култура, стопанските комори, Агенцијата за електронски комуникации, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Европскиот универзитет.

Поимникот е во фаза на печатење по што ќе биде поделен на сите институции. На веб-локацијата на Министерството за информатичко општество е поставена електронската верзија на поимникот, од каде заинтересираните може да ја преземат бесплатно.

AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Книга на подарок

Елеганцијата на ежот

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 19°C
Темп. на ветер: 19°C
Влажност: 68%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1012.9 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 422 посетители и 1 автор присутни