Нови ток-шоу војни (видеa)


Петнаесетина години по почетокот на првите ток-шоу војни, започнаа и втори. Овојпат, меѓу (актерот во првите) Џеј Лено и далеку помладиот Конан О’Брајан. До каде ќе оди битката, останува да видиме.

Откако стана извесно дека Џеј Лено ќе се врати во стариот термин на NBC во 23:30, започна и поларизацијата помеѓу него и новиот водител на The Tonight Show Конан О’Брајан. Заедно со нив, се поделија и голем дел од обичните луѓе, славните личности и јавни лица во Америка. Главната забелешка на сите е што за шоу кое траеше само 7 месеци, Конан се пресели од Њујорк во Лос Анџелес, заедно со семејството, целата екипа и нивните семејства. Сепак, парите пред сѐ, нели?

Песна направена од поддржувачите на Конан О’Брајан
На почетокот, кога сите овие случувања беа само гласини, обајцата ги прифатија на шега

Но, подоцна, нештата станаа посериозни. Во една од (веројатно) последните епзиоди на The Tonight Show со Конан О’Брајан, тој, веднаш по излегувањето на сцена рече: „Сакам да им се обратам на сите деца со сништа што ме гледаат. - Можете да бидете што ќе посакате во животот. Освен ако и Џеј Лено не сака да биде истото!“.

Лено

Веднаш се појавија масовни движења како поддршка за Конан О’Брајан, кои организираа протести, испраќаа пошта до телевизиската куќа NBC, т.е. направија сѐ што беше возможно за да го искажат својот револт. (Доколку сакате и вие да ја изразите поддршката, зачленете се во фејсбук групата посветена на тоа). Во овие движења вклучени се и Метју Пери и Алиса Милано, но од друга страна, на страната на Џеј застанаа Џери Сајнфелд и Кевин Смит.

Џими Кимел на гости кај Џеј Лено се подбива со неговите потези


Џеј Лено го објавува своето заминување во 2004 година
(убаво е кога луѓето си стојат на зборот, нели?)


  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail
Get Adobe Flash player

Книга на подарок

Ова не се Ромео и Јулија

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 1°C
Темп. на ветер: -1°C
Влажност: 100%
Брзина: 8 km/h
Правец: 100°
Притисок: 1017.9 mb
E
Временска прогноза
Изберете град...
Следете го 365.com.mk преку Twitter
English Bulgarian Croatian Czech Danish Dutch Finnish French German Greek Italian Russian Slovenian Albanian Turkish

Посетители онлајн

Има 500 посетители и 2 автори присутни