Разубавување на досадни локации

Уличната уметност или Street-art, во Македонија како и сите останати уметности далеку заостанува со оваа форма на уметност од останатите светски земји. Ова е придонес на 365.com.mk за разубавување на досадните локации низ македонските градови, а ќе се сложите такви ги има многу.

 
Фрлачките LED сијалички се евтин начин да обоите било каква метална површина. Фрлачкиот LED се состои од литиумска батерија, магнет и LED сијаличка прицврстени едни за други. Фрлете ги високо, закачете ги на некоја метална површина и импресионирајте ги пријателите и градските власти.
(на крајот на овој напис имате едно прекрасно изработено видео за да видите како го прават тоа уличните уметници од Њу Јорк!)

 

Изработка на Фрлачките LED сијалички

Листа на потребни делови (за една сијаличка):

1X LED диода
1X мало магнетче
1X 3-волтна литиумска батерија
Селотејп

Ова се стандардни електронски компоненти и ќе можете да ги најдете во секоја продавница за електронски компоненти

 

Да почнеме...
 

Потребните компоненти: LED диода, батерии, селотејп, магнетче
 

Прицврстете ја сијаличката на батеријата
  

  Прицврстете ги ножичките од сијаличката со селотејп и во исто време прицврстете го магнетчето. Готови сте.

   

   Фрлете ја сијаличката кон метален објект (улична сијалица, метални делови од зграда, куќа)

  

  Може и во поголема група... 

 

  Разубавете неколку улични сијалици...

   

  Или пак цели куќи...

За да видите како изгледа тоа на дело, погледнете го ова видео. Видеото е навистина извонредно и ќе ви даде вистинска претстава за тоа колку интересен е целиот овој проект.
 

Ако се прашувате кој ја напишал песната за ова видео - ова е преработка на Jose Gonzalez на песната Heartbeats од The Knife. Истата песна се наоѓа и на рекламата на Sony Bravia - познатата реклама со топчињата

Сакате да го направите ова во Вашиот град? Испратете ни e-mail и ние ќе ви помогнеме.

 

За галеријата од овие слики во поголема резолуција, овде

Раширете ја оваа идеја! Линкувајте до овој напис!

Ве интересира улична уметност? Клик овде.


AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

Книга на подарок

Наследена загуба
  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 10°C
Темп. на ветер: 10°C
Влажност: 71%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1020.0 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 369 посетители присутни