Xbox 360: Црвениот прстен на смртта


Еден англиски веб сајт посветен на технологија направи истражување со преку 1000 испитаници на тема играчки конзоли. Се испостави дека играчката конзола на Microsoft има дури 60% проценти шанси за дефект, наспроти 16% на Playstation 3 и само 6% на Nintendo Wii.

XboxАнглискиот сајт, CNET направи истражување на тема „правилното функционирање на играчките конзоли“. Xbox 360, кај корисниците во Велика Британија се расипала дури во 60% од случаите. Наспроти ова, Playstation 3 откажала во 16%, а Nintendo Wii во само 6%.

Што е уште пострашно, дури 32% од оние кои пријавиле дефекти, велат дека кознолата престанала да функционира 2 пати, а неверојатни 19% пријавиле дефекти 3 или повеќе пати.

Како одговор на ова, Microsoft излезе со соопштение во кое се вели дека ова е една од најставбилните конзоли во кои гејмерите постојано инвестираат, како никогаш до сега; а примерокот врз кој е направено истражувањето не е репрезентативен.

Од друга страна, тврдењата на CNET се поткрепени и со истражувањето на магазинот Geme Informer, кој на примерок од преку 5000 испитаници дојде до стапка на дефекти од околу 54%. Дури и да се работи за бројка приближна на овие две, показателите се застрашувачки.

Прстен на смртта
Кога конзолата Xbox 360 се расипува, се појавува т.н. „црвен прстен на смртта“. Ако имате ваква конзола и видите дека трите црвени индикатори трепкаат, тогаш треба да ви е јасно дека наскоро ќе се упатите на сервис. Откако ќе се случи ова откажување на хардверот, веќе не можете да сторите ништо. Залудни ќе бидат обидите за рестарт, затоа што копчињата престануваат да функционираат. Доколку го исклучите напојувањето и повторно ја вклучите конзолата, црвениот прстен на смртта одново ќе се појави и нема да исчезне сѐ додека не ја сервисирате.

AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Книга на подарок

Елеганцијата на ежот

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 19°C
Темп. на ветер: 19°C
Влажност: 68%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1011.9 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 387 посетители и 1 автор присутни