Четврток, Март 04 2010
|12:09
Skinput функционира така што ги детектира различните нискофрекфентни звуци кои се продуцираат кога се тропка на различни делови од кожата. Тастатура, мени и друга графика се проектира врз дланката или раката на корисникот од проекторот кој се наоѓа на привезок на раката. Детекторот на звуци во него одредува кој дел од екранот е активиран преку допир.
Различните делови од кожата се разликуваат во акустична смисла заради густината на коските и филтрирачкиот ефект кој го произведуваат зголобовите и мекото ткиво. Софтверот ги препознава фрекфенциите од звукот и така одредува кое „копче“ го притиснал корисникот.
| < Претходна | Следна > |
|---|












