Понеделник, Јануари 04 2010
|11:18
На 26 април 2004 година, норвешкиот супер-талент Магнус Карлсен, со 13 години и 148 дена стана најмладиот шаховски велемајстор на сите времиња. На 1 јануари 2010, со 19 години и 32 дена, тој стана најмладиот шахист кој се нашол на првото место на ранг-листата на ФИДЕ.
По долг и напорен процес на тренинг мечеви и контролни турнири, Магнус Карлесн стана најмладиот шаховски велемајстор на сите времиња, на 26 април 2004 година, кога имаше само 13 години и 148 дена. Со тоа му било дозволено да биде и најмладиот играч што некогаш се појавил на Светското првенство во шах, но бил исфрлен уште во првото коло на Левон Арониан, во тај-брејк партијата.
Тоа му дало поттик на младиот шахист и оттогаш наваму, тој победи на многу турнири, посрамотувајќи многу поискусни велемајстори од себе.
По турнирот во Нанџинг, во септември и октомври 2009 година, Карлсен собра 2801 поен на Ело ранкингот, што го направи втор во светот и само петти во историјата што успеал да ја мине магичната граница од 2800 поени. На 1 јануари, кога излезе нова ранг-листа на ФИДЕ, Магнус Карлесн, со само 19 години и 32 дена, стана најмладиот број 1 шахист на светот, во историјата на играта.
| < Претходна | Следна > |
|---|
Статии по случаен избор
|
Живот и стил
| |












