Што кажува вашето корисничко име за вас?

Интернет - неограничен виртуелен простор. Сите информации и сето знаење собрано на едно место и достапно преку неколку клика на вашиот компјутер. Единствениот проблем што стои меѓу вас и пристапот до сè е корисничкото име. Еве што кажува за вас изборот на корисничко име:

ИнтернетВистинско име (Петко Петковски)

Што мислите дека значи: Не ми е страв да се отворам и искрениот пристап кон сите ќе им покаже на луѓето дека сум пристојна личност.

Што значи: Средовечен сум и штотуку го открив интернетот.

Стих од песна (Ова_е_чудесен_свет)


Што мислите дека значи: Луѓето ги сакаат песните, автоматски - ќе ме сакаат и мене.

Што значи:
Имам уши и поседувам радио.

Шега (Тасе Стојковски)


Што мислите дека значи: Доаѓаам наоружан со мудрост, ги срушив и надминав вашите очекувања и сосема ви ги разнишав конвенциите.

Што значи:
Верувам дека оваа шега ќе ја пополни празнината каде што треба да се наоѓа мојата личност.

Tасмански ѓавол (Хдрррфф333м)


Што мислите дека значи: Јас сум ултимативната енигма, човек за кој е потребно долго време да биде одгатнат и разбран.

Што значи:
Мониторот ми побара креативно име, испаничив и ја удрив тастатурата неколкупати хаотично.

Пивски очила (Секси_принцеза_ххх)

Што мислите дека значи: Еј, девојка на интернет! И тоа добра девојка! Нели, сите знаат дека корисничките имиња се секогаш 100% точни!

Што значи:
Успеав да сфатам дека на интернет, сите девојки добиваат третман еднаков на Меган Фокс, особено ако никогаш не се разменат слики.

Детинест (<нешто>69)

Што мислите дека значи: Ха-ха, сите знаат дека шегите за секс и 666 шегите се иднината на интернет. Само имам проблем да ги одбијам сите девојки што се закачуваат на ова корисничко име!

Што значи:
Кога го креирав корисничково име, имав едноцифрен број години. Сега заглавив со него, зашто тоа ми е единственото нешто по кое луѓето ме распознаваат.

Т3х Л7645 Ме4 (4гс’ п448сЊ)


Што мислите дека значи: Го знаете она место што се нарекува интернет? Јас сум крал таму! Толкин не може на малото прсте да ми се фати кога станува збор за креирање нови јазици!

Што значи:
Луѓето ќе мислат дека неможноста за нормална комуникација се должи на владеењето на Л7645 јазикот, а не на неверојатно лошите социјални вештини кои ги поседувам.




AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

Книга на подарок

Наследена загуба
  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 18°C
Темп. на ветер: 18°C
Влажност: 88%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1013.9 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 526 посетители присутни