Microsoft и Yahoo против Google

Microsoft i YahooMicrosoft и Yahoo објавија дека се во партнерство во областа на интернет пребарувањето и рекламите што би требало да ја ослаби доминантната положба на најголемиот интернет пребарувач Google на пазарот на онлајн рекламите.

За соработката помеѓу овие две компании се зборува веќе долго време.  Microsoft  во мај минатата година ја повлече понудата за преземање на Yahoo вредна 47,5 милијарди долари, бидејќи раководството ја сметаше за прениска и ја одби.  Со новиот договор двете компании ќе го делат приходот од рекламите на пребарувачот. Јаху ќе го користи пребарувачот на Мајкрософт, Бинг, и верoјатно е дека на страниците на Јаху ќе стои ознаката „Во соработка со Бинг.“ Компаниите ќе ја користат технологијата за огласи на Мајкрософт за во текот на пребарувањето да се појавуваат рекламите, а Јаху ќе ја води продажбата и корисничкиот сервис.

Единствената вистинска промена за милионите корисници на Јаху ќе биде тоа што ќе го користат пребарувачот Бинг, чии резулатати се за нијанса поинакви. За вработените во Јаху и акционерите, пак, објавата вели нешто друго: „Yahoo сега е портал за забава, конфедерација на „дестинации“.“

Заборавете на тоа дека Yahoo беше еден од позначајните интернет брендови кои дојдоа од Силиконската Долина и компанија која беше позната по иновативните веб технологии. Тоа веќе е на пат да стане далечно минато. Со тоа што дозволи Мајкрософт да го преземе пребарувачот, Јаху покажува дека не може да биде во чекор со Гугл и Мајкрософт. Мајкрософт, пак, од овој договор изгледа ќе извлече поголема корист со зголемување на корисниците на нивниот нов пребарувач Бинг, кој во моментов е застапен со 8-10% во САД. Мајкрософт си ја олесни битката такашто влезе во сојуз со една од спротиставените страни и создаде двоен конфликт.

Од друга страна, Гугл сè уште е доминантната сила, контролирајќи 70% од пазарот. Гугл собра повеќе од 5.5 билиони долари само во последните три месеци, што е за 30% повеќе од приходот на Јаху од целата мината година. За споредба, Мајкрософт, константно е со милионски загуби, рафинирајќи ги и обидувајќи се да ги уновчи пребарувањата за да биде во чекор со заработувачката на Гугл од онлајн рекламите. Со договорот со Јаху, Мајкрософт очигледно се надева да „украде“ од билионите кои ги заработува Гугл, користејќи го договорениот пристап кон пребарувачката технологија на Јаху и што е поважно - големиот сообраќај кој тече преку Јаху секој ден. Договорот предвидува Јаху во рок од три до шест месеци да се претвори во Бинг, при што во десетгодишното партнерство Јаху ќе биде задолжено за онлајн рекламирањето, а Мајкрософт за пребарувањето. 

 


AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Книга на подарок

Елеганцијата на ежот

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 19°C
Темп. на ветер: 19°C
Влажност: 68%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1012.9 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 458 посетители и 1 автор присутни