Сеп 22
|17:22 pm
Со помош на бесплатната програма TheLastRipper од неодамна можат да се преземаат во mp3 формат сите песни кои се достапни на Last.fm и тоа потполно бесплатно и она што е новина на интернет - легално (на некој начин). За оние кои не знаат, Last.fm е live-streaming сервис кој со помош на алгоритам ја препознава омилената музика на своите корисници и овозможува меѓусебно дружење на слушателите со сличен музички вкус.
TheLastRipper автоматски ги организира сите песни според изведувачот, албумот и насловот и заедно со нив го презема и омотот на соодветното цеде и поважните ID3 тагови. Работи на оперативните системи Windows XP, Vista, Linux и Mac OSX , а пред инсталацијата потребно е да се преземе и помошната бесплатна програма од Microsoft - NET Framework 2.
Преземањето музика од Last.fm законски е потполно легално, за разлика од преземањето по пат на други извори со помош на торенти и слични програми. Имено, според законските акти, дозволено е неограничено користење на mp3 песни преземени од радијата на интернет.
| < Претходна | Следна > |
|---|
Свет
МКД
Скопје
Спорт
- Советот на Градот заглави во „Скопје 2014“ | Утрински
- Општина Центар го сака зонското паркирање во свои раце | Утрински
- Само 27 отсто од градот покриен со атмосферска канализација | Н.Македонија
- Проширување на улиците - приоритет во Бутел | Н.Македонија
- Скопје - Скопјани заглавија со уличните кучиња | Време
Developed by JoomVision.com




