Понеделник, Јануари 25 2010
|10:20
Иако ова пенкало е сè уште само концепт, ќе ве вчудоневиди што може да направи. Дизајнер на ова пенкало е кореецот Jinsu Park, кое може да се објасни како eyedropper алатката од Фотошоп - во реалноста.
Ова концепт-пенкало би можело да скенира боја од сè наоколу и веднаш да ја искористи таа боја за цртање. Бојата е детектирана со сензор за бои и RGB кертриџот кој ги меша потребните мастила за да се добие одбраната боја. Со ова, многу уметници ќе можат попрецизно да ги претстават своите дела, а нашето знаење за боите во природата значително ќе се подобри.





| < Претходна | Следна > |
|---|











