Понеделник, Април 12 2010
|08:48
Овие лепенки ќе ви го направат животот поинтересен:) Лепенки за во соба, купатило... за секаде.
Часовник лепенка

Дизајниран во познатата форма на Биг Бен, оваа огромна ѕидна лепенка нуди повеќе од само декорација - тоа е часовник. Овој часовник работи на обични АА батерии и би стоел супер во секоја соба.
Лепенки за гаража

Дури и обична гаража може да привлече внимание - ако ги има овие 3Д лепенки. Дизајнирани се од германската фирма StyleYourGarage и се од висок квалитет, па не се деформираат на сонце или дожд.
Лустер лепенка

„Лустер лепенката“ дава впечаток дека имате стар и здодевен лустер - дури и кога немате:) Секако, оваа лепенка доаѓа во многу форми.
Лаптоп лепенки

Овие лепенки сигурно дека ќе го одвојат вашиот лаптоп од преостанатите.
Лепенки против крадци

Како да го заштите вашиот автомобил/велосипед/мотор од крадци? Користете ги овие лепенки! Вашето возило ќе изгледа старо и оштетено, па никој нема да сака да го ограби. Ама не нè држете за збор...:)
Лепенки како огледало

Дизајнирани од Tonka Design, не само што се интересни, туку имаат и практична примена. Тие исто така се користат и како огледало. Благодарение на ласерската технологија, ги имаме во најразновидни форми.
Лепенки за во бањата

Овие смешни лепенки можат да се стават на мазни ѕидови, прозорци, мебел, санитарии - збогатувајќи ја вашата бања. Сигурни сме дека нема да останат незабележани.
Лепенки за во базен

Ако имате базен и барате со што да го декорирате, ова можеби ќе ви помогне. Можат да се залепат на дното од базенот и се UV отпорни.
Нелизгачки лепенки

Бањата не е место каде што сакате да се лизнете. Но, сакале или не сакале тоа се случува. Само ставете ги овие лепенки на дното од кадата или плочките и немате гајле. Дизајнирани од Ivan Duval и Jean-Sebastien Ides од Atypyk Paris.
Лепенки за над глава

Ова се лепенки кои даваат оригиналност на вашиот кревет. Нешто како „wallpaper“ во вашата спална соба.

Tags: лепенки налепници слики интересно намена оригинални спална кревет гаража зид часовник дизајн плакат постер
| < Претходна | Следна > |
|---|
Статии по случаен избор
|
Живот и стил
| |
Популарно месецов
Живот и стил
Препорачуваме
Последни коментари
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
![]() |
|
||||||
|
![]() E
|
||||||
| Временска прогноза | |||||||
| Изберете град... | |||||||
|
|
|||||||
Посетители онлајн
Има 670 посетители присутни