Новогодишни подароци


goldwrappedgift-6Сигурно вечерва очекувате дека вашата сакана личност ќе ве израдува со некој совршен подарок. Порталот handbag.com направи истражување за значењето на некои од популарните подароци и која е скриената порака во нив.

Папучи
Бегајте додека можете! Ве гледа како нежна и грижлива личност и тоа е тип на маж на кого му треба замена за мајка му, а во тоа и ќе се претворите ако не внимавате. Ако навистина го сакате, зачинете го вашиот љубовен живот со некоја провокативна и секси облека и приредете му секс кој ќе го запамти.

Куќен апарат
Објаснете му дека апаратите не се подароци за вас туку за куќата или  почекајте, па за роденден купете му паравосмукалка и надевајте се дека ќе ја сфати пораката.

Книга, CD...
Ова е добар знак! Ако од него го добиете најновиот албум од вашата омилена група или книга која веќе долго сте ја посакувале завиткана во убава хартија и со панделка значи дека е внимателен и дека знае што сакате, ви обрнува внимание и ужива да го поминува времето со вас.

Автомобил
Тоа значи дека е мафијаш или татин син, или дека нешто не е во ред. Ваквите подароци често укажуваат на тоа дека сака да ве има под контрола и да ве поседува.

Накит
Знаеме дека сакате накит, но ако со прстенот не доаѓа и свршувачка, тоа значи дека сака да сте покрај него, но без бракот на листата на желби. Ако подарокот се обетки или некое друго парче накит - тоа е веќе подобро, освен ако не е нешто прескапо бидејќи тоа значи дека има пари, но не и фантазија.

Долна облека
Ако под елката ве дочека долна облека која ви се допаѓа тоа е одлично. Ако е некое чудо од секс шоп тоа значи дека се чувствува исфрустрирано и дека му е потребен подобар секс.

Парфем
Парфемот упатува на поврзаност и интимност помеѓу вас двајцата. Ако ви купи парфем кој не ви познат, а кој ви се допаѓа - држете се до тој човек. Ако промаши, тогаш ништо од поврзаноста.

Патување
Фактот дека сака со вас да помине неколку дена е добар знак кој зборува за неговите чувства и тоа покажува дека го цени времето кое го поминувате заедно.

Чевли
Мажот кој ќе ви подари дизајнерски тренди чевли во вистинската големина или има фетиш за чевли, или е геј или е вистински маж кој сте го нашле по некое чудо. Врската меѓу жените и чевлите е света и секој маж кој тоа ќе го сфати е оној кој треба да го задржите.

AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Книга на подарок

Елеганцијата на ежот

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 19°C
Темп. на ветер: 19°C
Влажност: 68%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1012.9 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 454 посетители и 1 автор присутни