„Убави луѓе“ избрка 5000 членови затоа што се здебелиле


Убави луѓе е интернет страница која функционира како сервис за он-лајн потрага по романси. Она што е различно од сите други вакви сервиси е што сајтот нема да го прифати вашиот профил, доколку администраторите сметаат дека сте грди. По празниците кои завршија, овој сајт „избркал“ 5000 членови затоа што се здебелиле и поради тоа веќе не се убави!

Убави луѓеСајтот кој првпат ги понуди своите услуги во Данска, а набргу потоа во целиот свет, е најдобар доказ до каде може да оди човечката површност. Основан е како „протест“ против обичните сервиси кои „дозволувале членство на секакви луѓе“. „Убави луѓе“ се гордее со својот „филтер за убавина“, кој ги одобрува или одбива потенцијалните членови, врз база на реакциите од заедницата.

Откако на овој сајт, некои членови постирале слики од божиќните и новогодишните прослави, администраторите решиле да ги отстранат со образложение дека од фотографиите се гледа дека тие се здебелиле и според тоа веќе не ги исполнуваат стандардите за убавина. Како последица на ова „кастрење“, сопствениците на сајтот добиле поплаки, гневни пораки, а и неколку смртни закани.

Но, администраторите и натаму стојат на својот став дека овој сервис ќе продолжи да ги спојува луѓето на база на апсолутната површност, без разлика на нивните мисли и ставови, заедничките нешта, меѓусебноста привлечност итн.... но само ако во периодот додека не го пронајдат партнерот се откажат од јадење и така успеат да си ја зачуваат убавината.
  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail
Get Adobe Flash player

Книга на подарок

Ова не се Ромео и Јулија

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 1°C
Темп. на ветер: -1°C
Влажност: 100%
Брзина: 8 km/h
Правец: 100°
Притисок: 1017.9 mb
E
Временска прогноза
Изберете град...
Следете го 365.com.mk преку Twitter
English Bulgarian Croatian Czech Danish Dutch Finnish French German Greek Italian Russian Slovenian Albanian Turkish

Посетители онлајн

Има 502 посетители и 2 автори присутни