Опасни авантури само за најхрабрите

За многумина, одморите се време за релаксирање, додека за други  - шанса да посетат интересни места и да искусат различни нешта и култури околу светот. Но некои не можат да замислат да изубат ниту секунда од своето време седејќи на плажа или во ресторан наместо во пресрет на некоја луда авантура. Кога сме кај лудите авантури, еве неколку екстремни примери само за оние најхрабрите.

Пливање со кит-ајкула во Donsol на Филипините

Swimming-whale-shark-Philippines

Доколку сте во потрага по голема авантура, со акцент на тоа „голема“, тогаш упатете се во Donsol на Филипините за неверојатна подводна авантура и пливајте во друштво со големата кит-ајкула. Не ви е дозволено да користите нуркачка опрема или подводни скутери - останувате само вие, масивната риба и длабокиот син океан. Само внимавајте да сте барем 3 метри подалеку од главата и не и застанувајте на патот!

Возење по Нурбургринг тркачката патека во Германија
Racing-the-Nuerburgring-Germany
Доколку „да возам тркачки автомобил“ е една од работите на вашиот список со „работи кои сакам да ги направам пред да умрам“, се надеваме дека тоа не е последната жеба на вашата листа. Нурбургринг тркачката патека во Германија е најопасната на светот и по цена од 22 евра секој може да направи едно кругче. Но делот на кој вие би возеле не е патеката за трки, туку Нордшлифе или „Северниот круг“,  познат  дел за тестирање кој некогаш е затворен кога се одржуваат трките. За време на „Touristenfahrten“ оваа патека е отворена за јавноста и на неа (поголем дел од времето) нема ограничување на брзината.

Трчање со бикови во Тамил Наду, Индија
Running-of-the-Bulls-India
Доколку мислите дека трчањето со бикови во Памплома во Шпанија е опасно, тогаш мора да видите како се прави тоа во Индија. Фестивалот со борби со бикови во Тамил Наду не е толку познат како тој во Шпанија, но е многу поопасен. Луѓето не само што трчаат со биковите, туку и опасно му се приближуваат додека се обидуваат да ги грабнат парите врзани за нивните рогови.

Хели-скијање во Алјаска
Heli-skiing-Alaska
Скокате од хеликоптер од височина од вртоглави 6 и нешто километри директно на високиот врв на планините Чугач во Алјаска, на најинтензивната скијачка патека за која отсекогаш сте сонувале. И бидејќи што би биле екстремните спортови без добрите видеа, во пакет добивате и личен снимател кој ќе ја фати со камера вашата најекстремна скијачка авантура.

Нуркање со ајкули во Јужна Африка
Shark-Cage-Diving-South-Africa
Пливањето со ајкули котира многу високо на листата со опасни авантури, но ретки се оние кои ќе си го дозволат тоа со големите бели ајкули. Тоа не е пречка за авантуристите да се најдат лице во лице со овие големи и опасни предатори. Застрашувачкото искуство започнува од брегот во Јужна Африка во мртвата точка каде што лови големата бела ајкула. Се истураат мртви риби за да се привлече нивното внимание и потоа ве испуштаат во вода, со ништо друго освен железниот кафез кој стои помеѓу вас и огромните вилици.

Со велосипед низ Сахара
Biking-Across-the-Sahara
Буквално без капка вода и ништо друго освен песок и небо со километри, возењето велосипед низ Сахара би звучело како невозможна мисија, веројатно и како тотална лудост. Но, благодарејќи на модерната технологија како GPS и пакетите за хидратација возењето велосипед е далеку од невозможно. Всушност, не само што некои успешно го прават тоа, туку и блогираат за своето искуство.


Алпинизам по мраз во Канада
Ice-Climbing-Canadian-Rockies
За повеќето смрзнат водопад е убава глетка, но за некои тоа е адреналинска авантура. Во основа, земете го искачувањето по карпи, еден од најопасните екстремни спортови, отстранете ја стабилноста на карпата и заменете ја со лизгав мраз и добивате - алпинизам по мраз. За искачување по мраз потребно е многу искуство бидејќи мразот доаѓа во многу форми - од најтенок до најдебел и од најцврст до најмек.

Сендбординг во Cerro Blanco, Перу
Sandboarding-Cerro-Blanco-Peru
Кога сноубордингот веќе не ви е предизвик, тогаш треба да го пробате другиот екстрем - сендбоардингот. Cerro Blanco во Перу, домот на една од најголемите песочни дини во светот стана популаран дестинација помеѓу сноубордерите на кои им е смачено да ја чекаат зимата.

AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Книга на подарок

Елеганцијата на ежот

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 19°C
Темп. на ветер: 19°C
Влажност: 68%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1012.9 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 455 посетители и 1 автор присутни